Дигиталната протетика е иновативен пристап во областа на здравствената технологија и стоматологијата
Дигиталната протетика овозможува изработка протетски помагала коронки и мостови, користејќи напредни компјутерски и дигитални техники. Во нашиот случај, го користиме најдобриот интраорален скенер Sirona Primescan, кој е најпрецизниот и најбрз на пазарот.
Оваа напредна методологија претставува револуција во создавањето на збивки и протези, со цел подобрување на квалитетот на живот на пациентите и зголемување на ефикасноста на стоматолошките процедури.
Основните карактеристики на дигиталната протетика вклучуваат:
1. Скенирање на забалото: Со користење на интраорални скенери, стоматолозите можат да создадат виртуелен 3D модел на забалото на пациент. Ова го заменува традиционалното отпечатување на забалото со отпечаточна маса.
2. Дигитален CAD дизајн: Со помош на современ CAD дизајн софтвер се дизајнираат идните протетски помагала и истовремено претставува прилика да пациентот го види идниот свој виртуелен дизајн- насмевка и истата по желба и согласно условите да се корегира пред изработка на дефинитивните.
3. 3D печатење: Со помош на 3D принтерите, се изработуваат работни модели со висока прецизност и во краток временски период. Ова значи помалку време на изработка и прилагодување за пациентите.
4. Изработка на протетски помагала со најпрецизна CNC машина.
Дигиталната протетика не само што подобрува точност и квалитет на протезите, туку и ги намалува времето и напорот потребен за изработка, исто така е „patient friendly“ односно како метода на отпечатување на забалото е многу комфорна и не предизвикува нелагодности кај пациентот.
Оваа иновативна технологија претставува промена во начинот на кој стоматолозите работат и им овозможува да им ги пружат на пациентите најдобрите можни стоматолошки решенија.