hyperDENT® - Уметноста на денталното инженерство, во Дентал Крафт

Стоматолошкиот центар Дентал Крафт останува во текот со најсовремените светски методи за производство на дентални продукти, од кои нашите клиенти ќе бидат, како и досега неизмерно задоволни и среќни. Насмевката е одраз на вашата личност, а ние и понатаму ќе се грижиме за беспрекорната функција и совршениот изглед на нашите производи.


hyperdent Monitore Practicelab 550x400
hyperDENT® е водечки светски софтверски систем на пазарот за стоматолошки CAM (компјутерско производство) и е најценет меѓу експертите, поради неговата модуларна структура на производи. На клиентите им се обезбедуваат CAM решенија прилагодени на нивните специфични потреби за примена и имплементација.

„Нашето мото е да работиме во интерес на нашите клиенти кои добиваат најсовремени решенија и продукти, во чекор со светскиот развој и иновативните технологии. Како што се развива дигиталната технлогија на светско ниво, така се развива и нашата мрежа на апарати, со кои во ја овозможуваме најдобрата можна услуга, на светско ниво.“ - се зборовите на сопственикот на Дентал Крафт, Александар Блажевски.

Како што продолжува да се развива дигиталната технологија на стоматолошкиот пазар, широката мрежа на партнери во стоматолошката индустрија е незаменлива предност кога станува збор за задоволување на потребите и барањата на клиентите. Денес, Дентал Крафт е дел од таа широка светска мрежа, со имплементацијата на hyperDENT®.

Сите клучни предности на брзиот, безбеден, ефикасен и прецизен процес на работа по кој е познат hyperDENT®, ги нуди и нашиот стоматолошки центар.

Dental Kraft Logo 20